GM и PSA ја продлабочуваат соработката! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

GM и PSA ја продлабочуваат соработката!

Откако неодамна објавија дека ќе соработуваат во развивањето на нови модели, денес GM и PSA групацијата објавија дека ја продлабочуваат соработката.

Неодамна се шпекулираше дека GM дури размислува да ја спои својата Европска дивизија – Opel – со PSA групацијата. Со тоа ќе се создадеше еден производиел кој е доволно голем да застане рамо до рамо со останатите конкуренти. Лошата состојба во која се наоѓа Opel го тера Американскиот сопственик да размислува за вакви екстремни чекори.

Сепак, денес GM и PSA објавија дека ја продлабочуваат соработката – и тоа:

  • Прифатени се развојни проекти за четири заеднички возила.
  • Преземени се следните чекори кон заедничката набавка на делови.
  • Потврдена е целта да се заштедат до две милијарди долари годишно.

Ова е продолжување на Master спогодбата која ја потпишаа на 29ти Февруари годинава. Интересна е алијансата помеѓу Opel и PSA. Да се надеваме дека од ова ќе произлезат модели кои ќе бидат интересни за купувачите.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.