Volkswagen Taigun Concept – Нов мал SUV во фамилијата на Volkswagen? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen Taigun Concept – Нов мал SUV во фамилијата на Volkswagen?

На саемот во Сао Пауло Volkswagen го претстави малиот Taigun – малечок SUV кој би требало да биде позициониран под Tiguan во понудата на Германскиот производител.

Taigun е долг само 3859 милиметри, широк е 1728 милиметри а висок е 1570 милиметри. Го придвижува три-цилиндерскиот мотор со зафатнина од 1000 кубни сантиметри кој го познаваме од Volkswagen Up, но „зајакнат“ со турбо-полнач и директно вбризгување. Овој мотор сега испорачува 110 коњски сили и 175 Nm вртежен момент, а силата се пренесува преку 6-степен мануелен менувач на предните тркала.

Концептот тежи само 985 килограми и може да забрза до 100 километри на час за само 9.2 секунди, а максималната брзина изнесува импресивни 186 километри на час. Лесната конструкција и модерниот мотор овозможуваат  потрошувачка од само 4.5 литри на 100 изминати километри. Volkswagen ќе одлучи за сериското производство на Taigun откако ќе ги види реакциите на публиката. Доколку сепак оди во сериско производство, би го очекувале на пазарот за две или три години.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.