Електричното BMW е30 кое започна како хоби тркачки автомобил на 19 годишниот Mate Rimac, сега се закити со пет светски рекорди.
Приказната започна кога главниот извршен менаџер на Rimac Automobili, кој во тоа време имаше само 19 години го изгоре моторот во текот на тркање. Тој потоа реши да го претвори во електично возило и од тогаш Mate Rimac има развиено пет еволуции од неговото класично BMW.
Автомобилот кој можете да го видите во овие фотографии и видео произведува не помалку од 600 кс и 900 Nm вртежен момент, доволно за забрзување 0-100 км/ч за само 3.3 секунди и максимална брзина од 280 км/ч.
На 17-ти Април 2011 ој успеа да собори пет светски рекорди , кога го изнесе својот автомобил на воена писта со дошжина од околу две милји во близина на Загреб. Ова се резултатите:
– 1/8 милја: 7.549
– 1/4 милја: 11.808
– 1/2 километар: 13.714
– 1 километар: 23.260
– 1 милја: 35.347