Тукушто објавените цени на горивата најавуваат мало поскапување на ЕУРОСУПЕР-98 и значително поскапување од 2 денари за литар Еуродизел!
Регулаторната комисија за енергетика тукушто ги објави новите малопродажни цени на горивата. Според нивната методологија за пресметка на цените, малопродажните цени се зголемуваат во просек за 1.61%. Според новите цени, цената на ЕУРОСУПЕР-95 останува иста, односно 83 денари за еден литар. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 0.5 денари и ќе се продава по цена од 85 денари за литар. Најголемо е поскапувањето на Еуродизелот кој поскапува 2 денари, и ќе се продава по цена од 73.50 денари за литар.
Цените стапуваат на сила од вечерва на полноќ, а ќе важат следните 14 дена.