Chevrolet Corvette C7 ќе дебитира во Јануари 2013 во Детроит – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Chevrolet Corvette C7 ќе дебитира во Јануари 2013 во Детроит

Chevrolet објави дека новата седма генерација на Corvette ќе биде претставена на 13-ти Јануари следната година. Новиот спортист ќе има револуционерен дизајн и ќе биде прикажан во Детроит.

Сегашната генерација C6 започна со производство во 2005 со 6-литарски LS2 V8 агрегат кој произведува 400 кс и 542 Nm вртежен момент. Во 2008, Corvette го доби новиот LS3 агрегат, кој е 6.2-литарски мотор со 436 кс и 580 Nm вртежен момент.

Се очекува новиот спортски автомобил да има мотор со помала зафатнина од 5.5 литри со цел да го направи автомобилот поштедлив, а се претпоставува и дека ќе биде направен од нови лесни материјали. Најверојатно е дека стандардниот C7 ќе има исти перформанси како Z06, моделот од 2006 година со 7.0-литарски V8 со 505 кс.

Сепак, најсилниот од сите Corvette, сегашниот ZR1 со неговиот 6.2-литарски LS9 агрегат со компресор и 638 кс, најверојатно ќе остане во производство малку подолго.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.