Nissan претстави мал дел од две дигитални скици од новиот концепт кој ќе биде откриен на автомобилскиот саем во Сао Пауло.
Јапонскиот производител вели дека концептот ќе претстави уникатен нов жанр во автомобилскиот свет. Скиците откриваат дека автомобилот ќе биде спорски купе кросовер инспириран од дизајнот на GT-R. Се забележуваат потенка предна решетка со поголеми отвори за воздух и надуени предни и задни крила, кои го истакнуваат спортскиот карактер на автомобилот. Исто така се приметуваат задскриени рачки на вратите и карактеристични задни светлосни групи.
Концептот ќе биде претставен од Широ Накамура, главниот креативен директор на Nissan, кој истакна дека ова е генијално нов и возбудлив концепт со енергичен дизајн и импресивна боја која целосно ги истакнува нивните чувства за Бразил – земјата на убавината.
Автомобилскиот саем во Сао Пауло ќе започне на 24-ти Октомви, затоа останете со нас за повеќе детали.