Vilner, малата Бугарска компанија за средување ентериери, претстави фотографии од најновата креација базирана на семоќниот Nissan GT-R која беше направена специјално за Кинески бизнисмен со голема колекција на автомобили.
Клиентот барал од Vilner да го направат автомобилот да се истакнува од другите со вметнување на елементи од богатата Кинеска традиција. Поради тоа тјунерот изработил ентериер на тема змеј. Легендарното суштество кое симболизира сила и моќ, е прикажано во црн и црвен дизајн на внатрешниот дел од кровот и внатрешната страна д багажникот.
Истите две бои се користени на останатиот дел од ентериерот кој беше целосно претапациран во црна Алкантара и црна карбонска кожа со црвени шевови, од централната конзола до панелите на вратите и предните и задните седишта. Редизајнираниот волан и рачката од менувачот се украсени со детали од карбон, додека одредени делови на вратите и отворите за вентилација се обоени во црвен хром.
Однадвор, Vilner го обви автомобилот во мат бела фолија, додека измените во неговата погонска единица ја зголемуваат силата на автомобилот од 440 кс на 530 кс на тркала.