Новиот Mitsubishi Outlander официјално промовиран во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Mitsubishi Outlander официјално промовиран во Македонија!

Пред само неколку минути, новиот Outlander на Јапонскиот производител Mitsubishi ја имаше својата премиера пред Македонската јавност!

Најновата, трета генерација на Јапонскиот SUV носи многу новитети – а најприметливиот новитет е токму новиот дизајнерски јазик на Mitsubishi кој ги наговестува моделите кои доаѓаат. Драстичната девијација од Jet Fighter филозофијата е интересно освежување, и го издвојува новиот Outlander како од претходниот модел, така и од конкуренцијата.

Во моментов се нуди само еден мотор – 2.2-литарскиот турбодизелски агрегат кој ни е познат од минатата генерација, но со измени за да биде почист и поекономичен. Моќноста е малку намалена, на 150 коњски сили, но затоа моторот сега ги задоволува и најстрогите еколошки норми. Ќе се нудат три нивоа на опрема – Intense, Intense+ и Intense Navi. Можете да погодите дека највисокото ниво на опрема доаѓа и со уред за навигација, но и со кожни седишта со загревање, сончево кров, електрично отворање на петтата врата, и многу други ситници.

Според најавата, потрошувачката (со мануелен менувач) изнесува 6.4 литри гориво во градски услови. Цените започнуваат од 28.980 евра со основиот пакет опрема, а се до 34.980 евра со највисокото ниво на опрема и мануелен менувач. Најскапиот Outlander кој можете да го добиете чини 38.980 евра со највисокото ниво на опрема, но и со автоматски менувач, адаптивен темпомат, заштита од судар и систем за предупредување при напуштање на коловозната лента.

Се надеваме дека наскоро ќе имаме шанса подобро да ги запознаеме карактеристиките на новиот Outlander!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.