Maserati GranCabrio by DMC – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Maserati GranCabrio by DMC

Постои многу добра причина зошто Ferrari не произведува ниту еден автомобил поевтин од California -бидејќи тоа е работа на вториот најмоќен бренд на Fiat – Maserati.

Aftermarket индустријата ги нуди сите можности кои можете да си ги замислите, a доколку повеќе го преферирате дизајнот на Maserati, зошто да не земете GranCabrio и да го направите подеднакво моќно како Ferrari 458 Spider?

Ова е идејата на која се сети Германската тјунерска компанија DMC, кога во нејзините раце дојде стандарден Maserati кабриолет. Инженерите на DMC со помош на компресор го засилија 4.7-литарскиот V8 агрегат, достигнувајќи бројка од 590 кс и 472 Nm вртежен момент при 5,400 вртежи во минута.

DMC го опреми автомобилот со боди кит кој се состои од нов преден браник, странични прагови и заден дифузер. Сите тие се направени од јаглеродни влакна за да ја намалат тежината на возилото и со тоа да помогнат за уште подобри перформанси. Екстериерот е обвиен во мат портокалова фолија, а пакетот го заокружуваат 20-инчни тркала и 30 mm пократки амортизери.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.