Volkswagen Polo R ќе биде претставен во сериска форма на саемот во Женева во Март, додека неговото лансирање на пазарот ќе започне заедно со влезот на VW во WRC следната година.
Polo R, кој претходно беше претставен како WRC Street Concept на најпопуларниот Volkswagen собир во Австрија минатата година, ќе биде придвижуван од засилена верзија на 2.0-литарскиот турбо агрегат од Golf 6 GTI, најверојатно со 225 кс. Новиот модел ќе биде само со погон на предните тркала, но ќе биде понуден со диференцијал со ограничено пролизгување. Неговото забрзвање од место до 100 км/ч ќе се одвива за време од околу 6 секунди, додека неговата максимална брзина ќе изнесува 240 км/ч – бројки кои се импресивни за возило од оваа класа.
Исто така во развој е и новиот модел на Golf R, кој ќе излезе на пазарот во 2013 или 2014, а се претпоставува дека ќе произведува 276 кс од неговиот 2.0-литарски турбо агрегат, кој како и сегашниот модел ќе има погон на сите четири тркала.