Ford Mondeo на SEMA Motor Show – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford Mondeo на SEMA Motor Show

Ford оваа година на SEMA саемот за автомобили реши да претстави дури четири верзии на новото Mondeo.

Првата верзија го носи името Tjin Edition која се издвојува со DuPoint Beige боди кит и преден спојлер од јаглеродни влакна. Карактеристично за оваа верзија на Mondeo, освен специфичната боја, се и 21-инчните бакарни бандажи кој се обвиткани во гумите на Falken. За подобрување на перформансите на Tjin Edition официјални бројки сеуште нема, но знаеме дека тој добива ново турбо, пониска суспензија и подобри сопирачки.

Понатаму, следно на листата е MRT Performance Mondeo кое се двои од другите по надворешноста во две бои и сините бандажи.  Според Ford, MRT Performance  верзијата се истакнува пред другите, не само со дизајнот туку и со перформансите и шасијата. За жал, како и за другите концептни на Mondeo, така и за овој, сеуште немаме повеќе информации освен првите официјални фотографии.

Следно е ICE Nine Group Mondeo – Инспирирано од V8 Supercar Series, ова Mondeo ја има највпечатливата зелена боја и логото на Monster Energy Drink, она кое нам ни е попознато од популарниот Ken Block.

На крај, тука е и верзијата на 3d Carbon. Оваа верзија не нуди некои поголеми промени како претходните, но со малку поагресивниот преден браник и страничните прагови се најде на оваа листа, па така ќе биде изложен и на SEMA Motor Show.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.