Наследникот на славниот „Спачек“ доаѓа наредната година – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Наследникот на славниот „Спачек“ доаѓа наредната година

Според најновиот извештај од Франција, наследникот на иконскиот Citroen 2CV ќе започне со производство при крајот на 2013.

Ова ќе биде најефтиниот модел на Францускиот производител на возила, замислен да му се спротивстави на Volkswagen Up. Автомобилот ќе биде „спартански“ – со минимална опрема и без напредна технологија. Citroen го опишува моделот како едноставен, економичен и модерен автомобил со достапна цена.

Новиот Citroen ќе биде поставен на платформата на C3, ќе има форма на компакт, а во внатрешноста ќе има доволно место за пет возрасни лица. Што се однесува до изгледот, се очекува тој да има сличен дизајн како концептот Revolte (на сликите), кој е во голема мера инспириран од оргиналниот 2CV.

Се очекува серискиот модел да биде претставен на автомобилскиот саем во Франкфурт во Септември следната година, неколку месеци пред неговото излегување на пазарот во почетокот на 2014. Сепак, можно е концептниот модел да биде прикажан уште порано.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.