Volkswagen Up GT одобрен за производство – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen Up GT одобрен за производство

Главниот шеф за развој во Volkswagen групацијата, Улрих Хакенберг, потврди дека спортскиот Volkswagen Up GT ќе излезе во подажба во 2013.

Up GT беше еден од повеќето концепти базирани на Up кои беа прикажани покрај лансирањето на стандардниот автомобил на минатогодишниот автомобилски саем во Франкфурт. Силата доаѓа од 1.0-литарски три-цилиндарски турбополнет агрегат кој произведува 109 кс и 162 Nm, усогласен со шест-степен рачен менувач.

Останатите модификации содржат спортска суспензија, поголеми и полесни алуминиумски тркала и гуми, поагресивен аеродинамичен бодикит, спортски седишта, како и изменет ентериер.

Хакенберг исто така ја потврди целосно електричната верзија на Up, која треба да излезе на пазарот во 2013, како и верзија на природен гас која ќе излезе при крајот на годинава. Up ќе биде првиот целосно електричен автомобил на Volkswagen, додека Golf ќе биде следниот модел кој ќе биде претворен во чист автомобил на електрична енергија.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.