Suzuki го претстави новиот S-Cross концепт на Парискиот автомобилски саем.
Сериската верзија од Suzuki S-Cross концепт се очекува да го замени сегашниот SX4 при крајот на 2013. SX4 се произведува покрај Fiat Sedici во Унгарија, но на таа соработка и дојде крајот, бидејќи Fiat сега го има Jeep под својата капа за да прави автомобили како Sedici.
S-Cross е кросовер од C-сегментот кој мери 4,310 mm должина, 1.840 mm ширина и 1,600 mm височина, што го прави за 160 mm подолг, 85 mm поширок, но исто така и 20 mm понизок од сегашниот Suzuki SX4.
Сепак, како и од секој концепт, се очекува неговата сериска верзија да биде пообична.
Информации за гамата на мотори и менувачи не се објавени, но Јапонскиот автомобилски производител објави дека серискиот модел на S-Cross концептот ќе има најмала емисија на CO2 во C-сегментот на кросовери.