Премиера: Mercedes-Benz SLS AMG Coupe Electric Drive – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Mercedes-Benz SLS AMG Coupe Electric Drive

Откриена е целосно електричната верзија од суперавтомобилот Mercedes-Benz SLS AMG на Саемот во Париз.

По концептот на B-класата, SLS AMG Coupe Electric Drive е вториот модел во гамата на Германскиот бренд кој ќе ја носи ознаката “Electric Drive” што ќе се користи кај сите целосно електрични патнички автомобили од Mercedes-Benz, Mercedes-AMG и Smart.

Што се однесува до надворешноста, може да се забележи дека овој модел визуелно не се разликува многу од стандарниот бензински модел. Најприметлива е сината хром боја, како и новата “Diamond” решетка која најверојатно е дело на Македонскиот дизајнер Славче Танески и полека станува заштитен знак на моделите на Mercedes-Benz. Последната измена која може да се примети е новиот заден дифузер.

Овој електричен автомобил е изработен со најнапредната технологија и користи четири електрични мотори поставени веднаш до тркалата, кои произведуваат комбинирана сила од 740 кс, како и максимален вртежен момент од 1000 Nm, правејќи го најмоќен AMG модел на сите времиња. Електричниот SLS AMG забрзува од место до 100 км/ч за само 3.9 секунди и достигнува електронски ограничена максимална брзина од 250 км/ч.

Неговата продажба ќе започне во Јули 2013, а неговата почетна цена во Германија ќе изнесува вртоглави 416,500 евра, односно двојно повеќе од цената на SLS AMG GT.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.