Италијанскиот производител на супер-автомобили ги објави деталите околу најновото освежување на најмалиот член во Lamborghini фамилијата.
Lamborghini Gallardo се произведува веќе девет години – навистина долг период за било кој автомобил. За да остане конкурентен и примамлив за купувачите, Lamborghini редовно го освежува и го подобрува својот бестселер.
Најновата серија „затегнувања“ носи нови предни и задни браници со трапезоидни и триаголнести детали, како и можноста да се нарачаат нови бои и Style пакетот кој носи дополнителни можности за персонализација на малото Gallardo.
Сепак, оние кои сакаат малку повеќе уникатност кај своето Бејби-Ламбо, ќе можат да го нарачаат Edizione Tecnica моделот. Овој модел носи делови од Superleggera и Performante моделите. Тоа значи намалување на тежината, фиксен заден спојлер изработен од карбонски влакна, карбон-керамички кочници и ексклузивни комбинации на бои.
Покрај новите модели, и постоечките модели и варијанти на моделот ќе продолжат да се нудат, се до појавата на наследникот на Gallardo кој го очекуваме следната година.