„Протекоа“ неколку фотографии од Sport Turismo изведбата на Panamera, која носи многу новитети!
Panamera секојдневно ја зголемува продажбата, и големиот автомобил се покажува како навистина успешен за Германскиот производител. Сепак, Porsche не смее да дозволи конкуренцијата да го престигне, и очигледно саемот во Париз е местото каде што ќе ги покажат своите адути.
Porsche Panamera Sport Turismo Concept е автомобил кој ја навестува насоката во која ќе се движи Porsche Panamera и како би можела да изгледа следната генерација. Изведбата потсетува на Shooting Brake стилот – исто како кај Mercedes CLS Shooting Brake. Мораме да напоменеме дека ќе се нуди и хибридна изведба, судејќи по e-Hybrid ознаките кои ги носи моделот, додека дизајнот навистина наликува на Porsche Boxster но и на 918 суперавтомобилот.
Внатрешноста изгледа навистина футуристичка – интересно изгледа уредот за навигација кој е поставен во таблата со инструменти директно пред возачот, додека на друга слика на истото место приметуваме аналогни инструменти. Ова наговестува дека всушност целата табла со инструменти е всушност еден голем LCD екран на кој можат да бидат прикажани разни податоци, согласно желбите и потребите на возачот.
Сепак, ќе мораме да почекаме уште малку до официјалната премиера на Panamera Sport Turismo за да ги дознаеме сите податоци.