Едноставниот и супер лесен Lotus Seven е еден од најславните модели кој е создаден во Велика Британија, a во исто време служеше како инспирација за многу други спортски автомобили низ целиот свет.
Моментално, тој е познат под името Caterham 7, по 39 години откако Caterham ги откупи правата за дизајнот. Низ четириесетте години, овој Британски автомобилски производител значително ја подобри шасијата и ги надгради механичните компоненти на Seven, додека во исто време остана верен на оргиналниот автомобил.
Единствената работа која остана непроменета е неговиот традиционален изглед, кој очигледно не му се допаѓал на независниот Руски дизајнер Јури Замковенко, па затоа тој го претстави неговиот поглед за тоа како Caterham 7 би требало да изгледа денес.
Неговата креација ја задржала оргиналната традиционална форма со отворени тркала, но сега располага со поприродни и пооргански линии, давајќи му помоќен и помодерен изглед. Доколку зависеше од нас, ние без размислување би го одобриле овој дизајн да се употреби врз шасијата на Caterham 7 уште веднаш.