HGP Volkswagen Golf R36 со 745 кс и 925 Nm – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

HGP Volkswagen Golf R36 со 745 кс и 925 Nm

Иако моментално во центарот на вниманието е новиот Golf VII, на тјунерите и понатаму им е интересна шесттата генерација од Германскиот бестселер.

HGP по цена од 65,000 евра на купувачите им нуди VW Golf R, чиј 2.0-литарски четири-цилиндарски агрегат е заменет со 3.6-литарски шест-цилиндарски мотор од Passat R36, засилен со два турбополначи на 745 кс и 925 Nm вртежен момент.

Овие бројки му овозможуваат на компактот забрзување од место до 100 км/ч за 3.1 секунда и забрзување од 0-200 километри на час за 9.6 секунди . Неговата официјална максимална брзина не е објавена, но автомобилот е способен да постигне над 300 километри на час.

Во пакетот исто така спаѓаат и репрограмирана електронска единица на моторот, седум-степен DSG менувач од Audi RS3, прилагоденa суспензија, нов издувен систем, сет од нови 19-инчни OZ Ultraleggera бандажи обвиени во гуми 235/35 ZR19 и посилен систем за сопирање.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.