Веќе знаеме дека дебито за новиот Jaguar F-Type е закажано за саемот во Париз. Но, додека ние го чекаме неговото прво појавување пред светската автомобилска јавност, да уживаме во неговата убавина и да се потсетиме што ќе нуди овој Jaguar.
F-Type всушност претставува отворена изведба на концептот CX-16 за кој веќе зборуваме, а динамичноста, острите линии на задниот дел само потврдуваат дека токму овој концепт е инспирација на серискиот модел. Ова е всушност позитивна работа за новиот кабриолет на Jaguar, со оглед на тоа дека CX-16 концептот дигна голема прашина на саемот во Лос Анџелес.
Но, да се навратиме на F-type -овој кабриолет во својата понуда ќе го има 3.0 литарскиот V6 бензинец со компресор кој развива 340 КС и 380 Nm вртежен момент, а тука е и 5.0 литарскиот V8 мотор исто така со компресор – за моќноста на овој мотор сеуште нема официјални бројки.
Сега за првпат можеме да ја видиме внатрешноста на F-Type, но со оглед на фотографијата и неможеме да донесеме некој заклучок. Сепак, останува да почекаме уште неколку дена до официјалното претставување.