Новиот спорстски бренд на Chrysler – SRT – се подготвува да ја прошири својата гама со уште еден модел покрај Viper, легендарниот мускулест автомобил Barracuda.
Автомобилот ќе биде поставен на значително пократко меѓуоскино растојание во споредба со Challenger – според најавите би требало да биде околу 15 сантиметри пократко. Ова значи дека ќе биде околу 140 кг полесен од Challenger, што ќе му овозможи на Chrysler да го нуди и со четири-цилиндарски агрегат како основна верзија.
Во неговата понуда се очекува да се најдат 2.4-литарскиот реден четири-цилиндарски агрегат во атмосферска и турбо верзија, 3.6-литарскиот V6 Pentastar, како и еден од двата V8 Hemi агрегати со зафатнина од 5.7 и 6.4-литри.
Barracuda ќе се продава под SRT, Chrysler-овата дивизија која во минатото се прослави со спортските верзии на Viper, Charger, Challenger, Neon, Caliber, Magnum, Ram, 300C, Crossfire и Grand Cherokee. Меѓутоа, сега оваа дивизија работи одвоено како нов бренд и прави спортски верзии со високи перформанси со Chrysler, Dodge, Jeep и Ram.
Во минатото, Plymouth Barracuda бил легендарен Американски модел кој се произведувал од 1964 до 1974 година. Barracuda бил првиот автомобил во таканаречената “Pony” класа, која подоцна ја прославил Ford Mustang.