Главниот извршен директор на Honda потврди дека Јапонскиот автомобилски производител ќе лансира нова генерација на Civic Type R во 2015 на Европскиот пазар.
Моделот се развива специјално за Европскиот пазар и ќе располага со технологија развиена од WTCC одделот на Honda. Тие исто така велат дека новиот Civic Type R ќе биде најбрзиот автомобил со погон на предните тркала околу тркачката патека Нирбургринг.
Покрај тоа, Honda планира следната година во Европа да претстави замена за Jazz, од кого подоцна ќе произлезе и кросовер поставен на неговата платформа, а во гамата на Jazz ќе биде вклучена и седан варијанта.
Покрај лансирањето на нова верзија од NSX, Honda исто така ќе претстави нов спортски автомобил со отворен кров во 2014, кој се претпоставува дека ќе биде наследник на S2000. Една година подоцна, тие ќе претстават целосно ново возило на горивни ќелии.