Dacia официјално ги претстави новите Logan и Sandero – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Dacia официјално ги претстави новите Logan и Sandero

По докажувањето на нејзината вредност на пазарите околу светот, време е за нов модел на малиот седан Dacia Logan, како и нејзината компакт верзија Sandero.

Покрај задржувањето на едноставноста и достапноста кои ги направија Logan и неговиот пет-вратен близнак популарни на пазарот, Француската групација ги подобри двата модела, давајќи им помодерен изглед одвнатре и однадвор споредено со нивните претходници. Надворешниот изглед на двата автомобили позајмува елементи од новите возила на Dacia, како миниванот Lodgy и кросоверот Duster. Еден од главните квалитети на новиот стилски идентитет на брендот е да се даде чувство на квалитет и дизајн.

Внатрешноста е идентична во Logan-от и Sandero-то со одредени елементи од контролната табла преземени од постарите и сегашните модели на Renault, а Dacia тврди дека исто така тие ја подобриле понудата на опрема во автомобилот и квалитетот на ентериерот. Во зависност од пакетот на опрема, во внатрешноста можат да се најдат детали од хром и мултимедијален систем на допир.

Романскиот автомобилски производител вели дека ќе објави повеќе информации за новите Logan и Sandero на Парсикиот Автомобилски Саем.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.