Премиера: Новиот Lexus LF-CC Concept – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Новиот Lexus LF-CC Concept

Lexus тукушто ги објави првите фотографии од новиот концепт LF-CC. Дали со овој концепт се наѕира изгледот на следниот IS спортски седан?

Lexus LF-CC на прв поглед многу потсетува на веќе познатиот Lexus LF-LC концепт од почетокот на оваа година. Сега веќе и дизајнерите најавија дека можеме да претпоставуваме дека овој концепт е директен предвесник на новиот IS спортски седан кој треба да го очекуваме следната година.

Екстериерот ја следи L-Finesse дизајнерската философија на Јапонскиот производител, и досега ја нуди најхрабрата интерпретација на нивната нова маска на ладилникот. Екстремните димензии на предниот отвор ја нагласуваат спортската страна на овој концепт.

Како и повеќето други концепти на Toyota и Lexus, и LF-CC е придвижуван од хибриден погон, односно 2.5 литарски бензински агрегат со четири цилиндри и компактен електромотор. Иако нема повеќе детали за точната моќност на овој хибриден погон, сепак Lexus најави дека овој систем наскоро ќе се најде во сериско производство.

Повеќе информации ќе имаме наскоро. Во меѓувреме погледнете ги официјалните фотографии од LF-CC.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.