Бидејќи Gemballa има нови сопственици, тјунинг компанијата може да се фокусира на нивната главна работа – тјунирање автомобили!
Наречен Gemballa GT, пакетот опфаќа аеро компоненти направени од јаглеродни влакна. Пакетот содржи преден браник, странични прагови, како и заден браник кој вдомува шест издувни цевки. Издувните цевки се дел од комплетен издувен систем кој му овозможува на возачот да го контролира звукот користејќи специјални вентили.
Gemballa GT вози на 21-инчни GForged алуминиумски тркала кои можат да бидат обоени во gunmetal или diamond cut боја. Gemballa исто така додаде и брембо сопирачки и сет од спортски спирали кои го доближуваат автомобилот 30 mm поблиску до земјата.