Потврден Hyundai i30 со три вати – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Потврден Hyundai i30 со три вати

Следејќи ги плановите на сестринската компанија Kia и нејзиниот Pro_Cee’d, Hyundai исто така претстави три-вратна верзија на i30, која ќе дебитира на Парсискиот Автомобилски Саем.

Комплетирајќи ја гамата на i30, покрај пет-вратниот хечбек и караванот, моделот има сличен дизајн, но добива нов заден браник, изменета предна решетка, нови магленки и 16-инчни алуминиумски тркала. Исто така располага и со снижена линија на кровот и нов кровен спојлер.

Во понуда ќе биде со истите агрегати како пет-вратниот модел и караванот. Тоа значи дека гамата ќе содржи 1.4-литарски и 1.6-литарски бензински и дизел агрегати со сила од 89 до 126 кс, усогласени со шест-степен рачен или автоматски менувач.

Три-вратниот i30 официјално ќе биде претставен на 27-ми Септември, каде што ќе биде објавена и датата на лансирање на пазарот.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.