Спортска шминка за новата Буба – Volkswagen Beetle R-Line – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Спортска шминка за новата Буба – Volkswagen Beetle R-Line

Со цел да ги задоволи потребите на купувачите, но и да понуди малку повеќе спортски карактер за новата Буба, Volkswagen ќе почне да го нуди R-Line пакетот за овој ретро-модерен автомобил.

R-Line пакетот вклучува внатрешни, но и надворешни додатоци кои целосно го менуваат визуелниот карактер на новата Буба. Од надвор на купувачите ќе им бидат понудени нов преден браник со пошироки отвори за воздух, заден дифузер, специјални странични панели и ретровизори во боја на каросеријата и 18 или специјални 19-инчни тркала.

Во внатрешноста купувачите ќе добијат спортски седишта, наслонувачи за главата со R-Line лого на нив, специјална изработка на воланот, менувачот и облогата на менувачот, како и специјални детали во ентериерот.

Овој пакет ќе биде достапен кај Beetle Sport моделите, и ќе може да се добие со 1.4-литарскиот TSI со 160 коњски сили, 2-литарскиот TFSI со 200 коњски сили, како и 2-литарскиот TDI со 140 коњски сили. Пакетот чини околу 1300 евра, односно 1675 ако се нарачаат и додатоците во ентериерот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.