Премиера: Porsche Cayenne S Diesel – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Porsche Cayenne S Diesel

Porsche тукушто ги објави официјалните податоци за новиот Cayenne S Diesel. Големиот Cayenne од сега ќе се нуди и со 4.2-литарски V8 дизел агрегат!

Ако мислите дека перформансите се за потценување, можеме веднаш да ви кажеме дека грешите! Cayenne S Diesel благодарение на големиот 4.2 литарски V8 турбодизел агрегат кој нуди 382 коњски сили и импресивни 850 Nm вртежен момент може да забрза до 100 километри на час за само 5.7 секунди, и да продолжи да забрзува до 250 километри на час. Колку за споредба, „обичниот“ Cayenne S забрзува до 100 километри на час за 5.6 секунди, а максималната брзина изнесува 258 километри на час.

Она што навистина ни го привлече вниманието е декларираната потрошувачка – која изнесува 8.3 литри дизел гориво на 100 изминати километри – иако можеби оваа бројка се чини голема, потрошувачката е навистина ниска за возило со овие димензии и толку голем мотор. Секако, голем удел во ниската потрошувачка на Cayenne S Diesel има и Start-Stop системот. Според Porsche, кога ќе го наполните 100-литарскиот резервоар ќе имате доволно гориво за да поминете околу 1200 километри!

Porsche Cayenne S ќе започне со продажба во Јануари следната година, а во Германија цената ќе започнува од 77.600 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.