Знаеме дека многу од вас се прашуваа колку ќе чини новиот SRT Viper, уште од неговата премиера на саемот во Њу Јорк.
Добрите вести се дека Viper-от ќе се нуди со почетна цена од околу 15,000 долари пониска од онаа на неговиот главен ривал, Chevrolet Corvette ZR1. Цената на новиот Viper започнува од 97,395 долари за основниот модел, додека Viper GTS ќе се продава по цена од 120,395 долари во САД.
GTS верзијата за разлика од основната располага со активна суспензија и лесни алуминиумски “Venom” бандажи со шест краци, додека и двете верзии се придвижувани од истиот 8.4-литарски V10 агрегат кој испорачува 640 коњски сили и 815 Nm вртежен момент кон задните тркала преку шест-степен рачен менувач.
SRT изјави дека порачките ќе може за започнат од средината на Ноември 2012. Новиот Viper ќе се произведува во Conner Avenue Assembly фабриката во Детроит, во која се произведуваа сите модели уште од првата генерација од 1995.