Нови детали за 2013 Мitsubishi Outlander Plug-in Hybrid – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Нови детали за 2013 Мitsubishi Outlander Plug-in Hybrid

Mitsubishi претстави нови технички детали за нивниот Outlander Plug-in Hybrid, кој ќе биде јавно презентиран на Саемот во Париз, при крајот на месецов.

Претходно претставен како PX-MiEV II concept, серискиот модел има 2.0-литарски четири-цилиндарски бензински мотор, литиум-јонска батерија од 12 киловат часа и два електрични мотори кои произведуваат 82 кс и 195 Nm. Ова му овозможува на кросоверот да патува до 55 км само на електрична енергија и до 880 км во комбиниран мод. Што се однесува до потрошувачката, Mitsubishi очекува просечна потрошувачка на гориво од 1.6 литри на 100 км.

Со цел да се достигнат овие импресивни бројки, моделот има три различни модови на возење:

  • Pure – Целосно електричен
  • Series – Електричните мотори го погонуваат автомобилот, додека бензинскиот агрегат го полни батериите
  • Parallel – Електричните мотори и бензинскиот агрегат работат заедно за да го погонуваат возилото

Оutlander PHEV ќе биде лансиран во Јапонија следната година, а големи се шансите да биде понуден и на Европскиот пазар.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.