Регулаторната Комисија за Енергетика пред неколку минути ги објави новите цени на горивата – бензините поевтинуваат 2 денари а дизелот 1 денар!
Согласно методологијата за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени на бензините и дизелот се намалуваат во просек за 1.87% – односно 2 денари за бензините и 1 денар за дизелот. Соодветно на тоа, новата цена на ЕУРОСУПЕР-95 е 86.50 денари а на ЕУРОСУПЕР-98 е 88 денари. Дизелот ќе се продава по цена од 73.50 денари за литар Новите цени почнуваат да важат од полноќ. Ова е прво намалување на цените по неколкукратното зголенување.
Цените ќе важат следните 14 дена.