Еден месец по претставувањето на новиот Range Rover, Land Rover објави огромна фото галерија од нивниот водечки модел.
На фотографиите е прикажано како теренецот без проблем се справува со најразлични предизвици, без разлика дали се работи за каменест терен, речни води или песочни дини. Способноста на Британскиот големец најмногу се должи на “олеснувањето” за 39%, односно намалувањето на неговата тежина за дури 420 килограми во споредба со неговиот претходник.
Овој модел ќе биде понуден со три различни агрегати. Дизелите се 3.0-литарски TDV6 и 4.4-литарски TDV8, а единствениот бензински избор е 5.0-литарски V8 мотор со компресор. Сите агрегати ќе бидат понудени со осум-степениот ZF автоматски менувач од Jaguar. Land Rover објави дека во понудата ќе биде додадена и Хибридна верзија базирана на 3.0-литарскиот TDV6 агрегат со 333 коњски сили.
Новиот Range Rover на пазарот во Европа ќе пристигне во почетоткот на 2013. Повеќе детали за него очекуваме да бидат објавени во текот на светската премиера на Саемот во Париз.