Ford дефинитивно сака да биде застапен на глобално ниво! По новото Mondeo кое во Америка е под името Fusion и новата Kuga која во Америка е под името Escape, Ford во Европа ќе ги донесе Edge, EcoSport супер-легендеарниот Ford Mustang!
Ford Edge, компактниот кросовер на Ford ќе почне да се продава и во Европа во 2014 година! Европската верзија на овој кросовер ќе лежи на нова платформа, а за разлика од Америка, во Европа Edge ќе биде понуден и со дизел агрегати.
Вториот модел кој исто така ќе дојде во Европа е малиот SUV, EcoSport. EcoSpoort е долг нешто помалку од 4 метри, а веќе беше претставен во Кина, Индија и во Јужна Америка. EcoSport исто така ќе биде представен во Европа во 2014 година!
Нам EcoSport ни е познат како концепт кој беше претставен во Њу Делхи. Овој компактен SUV на Ford ќе го добие 1.0 литарскиот EcoBoost со турбо полнач и систем на директно вбризгување на горивото. Со тоа, овој мотор има моќност од 120 КС и како што знаеме во иднина освен во EcoSport ќе биде понуден и во новото Mondeo како и во фејслифтираната Fiesta! EcoSport во Европа ќе биде понуден и со 1.6 литарски бензински мотор како и со 1.5 TDCI дизел агрегатот.
На крај, Американската легенда – Ford Mustang и официјално ќе се продава во Европа! Се работи за идната генерација на овој “muscle car” кој ќе се појави во 2014 година. Се шпекулира дека Европската изведба на новата генерација на Ford Mustang ќе биде понудена со 3.7 литарски V6 мотор кој ќе нуди 300+ КС, како и 2.0 EcoBoosт – четирицилиндричен турбо мотор кој би нудел околу 250 КС! Кон крајот на 2014 година или првата половина на 2015 година можеме да го очекуваме Mustang во Европа!