Автомобилите од D-сегментот, како Ford Mondeo, со секоја нова генерација стануваат се поголеми, но нивните агрегати стануваат се помали. Како ви се чини идејата автомобил со должина од 4,8 метри да биде погонуван од 1.0-литарски агрегат со три цилиндри? Чудно нели?
Треба да се подготвите за тоа, бидејќи Ford вчера официјално ја потврди оваа вест. Новиот Mondeo ќе биде најголемото Ford возило придвижувано од мотор со толку мала зафатнина. Во 2013 Mondeo, 1.0-литарскиот EcoBoost бензински мотор ќе испорачува 125 кс и 170 Nm вртежен момент и 200 Nm во “overboost” модот се од 1,450 вртежи во минута, а ќе испушта издувни CO2 гасови од помалку од 120 г/км.
Оваа погонска единица ќе го замени 1.6-литарскиот атмосферски бензински мотор со четири цилиндри во линија кој произведува 120 кс и испушта издувни CO2 гасови од 156 г/км.