Неделно кино: Каде се клучевите за мојата Volkswagen Jetta? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Неделно кино: Каде се клучевите за мојата Volkswagen Jetta?

„Моето куче ми ја изеде домашната работа.” – Ова оправдување сигурно не би успеало во училиште, и како што Volkswagen докажува во нивната последна реклама за седанот Jetta, ниту да му кажете на вашиот шеф „моето куче ми ги изеде клучевите” не е оправдување за да задоцните на работа.

Во оваа нова генијална реклама од 30 секунди, избезумен сопственик на Jetta се труди да ги најде своите клучеви пред да сфати дека човековиот најдобар пријател ги голтнал нив. Сепак, нема проблем, бидејќи со „keyless“ влез, клучот треба само да биде на одредено растојание од возилото за да направи многу работи – од заклучување и отклучување на вратите до затворање на прозорците и отварање на сончевиот кров.

Ова е паметна реклама, и се што ние можеме да кажеме е – се надеваме дека клучот ќе издржи темелно миење после оваа авантура.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.