Официјално: Citroen DS3 Cabrio – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Citroen DS3 Cabrio

По неколкуте најави и концептни фотографии, Citroen тукушто ги објави официјалните податоци за новиот DS3 Cabrio!

Ние веќе пишувавме за кабрио изведбата на DS3, но немавме никакви официјални податоци ниту фотографии! Иако се шпекулираше дека оваа верзија на DS3 ќе го носи името Airflow, Citroen одлучи да го поедностави, па така го добивме DS3 Cabrio – кратко и јасно!

Светската премиера е закажана за саемот во Париз, кој ќе се одржи на крајот на наредниот месец кога ќе ги имаме и официјалните детали за DS3 Cabrio.

Како што знаеме, механизмот за склопување на покривот е сличен како кај Fiat 500C, што значи дека покривот ќе се собира наназазд. Отварањето и затворањето на покривот трае 16 секунди, а е можно при брзини до 120 km/h.

DS3 Cabrio е 25 kg потежок од стандардната верзија на DS3, додека нуди 245 литри багажен простор. Во однос на DS3, кабрио изведбата добива и LED задни светла како и хромирана лајсна на задниот дел.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.