Volkswagen групацијата го искористи Московскиот Автомобилски Саем за да објави дека следната генерација на Skoda Octavia ќе дебитира во Ноември, додека нејзината продажба ќе започне во почетокот на следната година.
Ова значи дека следната Octavia ќе го пропушти Саемот во Париз, но Skoda најверојатно цели на фактот дека ова е многу важен автомобил на одредени пазари и поради тоа ќе привлече многу внимание. Следната генерација на Octavia ќе биде поставена на Volkswagen-овата MQB платформа, што значи дека ќе биде полесна, покрај фактот дека ќе порасне во големина.
Skoda сака да ја направи поголема, односно со должина од 4.8 метри, за да се оддалечи од новиот Rapid sedan. Поточно, Octavia ќе биде однесена една класа погоре.