На почетокот од оваа година, Lexus го претстави LF-LC концептот кој ги остави сите со подотворени усти. Сега на саемот во Сиднеј се очекува втора верзија на овој одличен концепт.
Оваа недела, Lexus одлучи да претстави една teaser фотографија од втората верзија на LF-LC. Нема повеќе детали, нема повеќе фотографии, но и ова е доволно за да се заинтересираме за концептот на Lexus.
Се шпекулира дека LF-LC II, хибридното купе на Lexus ќе нуди скоро 500 КС, но ова се сеуште неофицијални бројки за кои немаме никаква потврда.
Додека ние нетрпеливо го очекуваме јавното претставување на LF-LC Concept II, да се потсетиме како изгледаше концептот зад кој се крена најмногу прашина на саемот во Детроит.