Повторно поскапување на горивата – бензинот достигна 90 денари! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Повторно поскапување на горивата – бензинот достигна 90 денари!

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите цени на горивата. Бензинот поскапува 2.5 денари, дизелот 1.5 денари!

Согласно нивната методологија за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени се зголемуваат во просек за 3.45 проценти. Тоа значи дека ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 поскапуваат за 2.5 денари и ќе се продаваат по цена од 88.50 денари односно 90.00 денари за литар. Цената на дизелот се зголемува за 1.5 денари и ќе се продава по цена од 74 денари за литар. Ова е веќе трето последователно поскапување на горивата, и навистина се надеваме дека овој тренд нема да продложи.

Поскапувањето стапува на сила од вечерва на полноќ, а следната рекалкулација на цените ја очекуваме за 14 дена.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.