Први официјални фотографии од 2013 Porsche 911 Carrera 4 и 4S – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Први официјални фотографии од 2013 Porsche 911 Carrera 4 и 4S

Гамата на новиот Porsche 911 само што се прошири со излегувањето на првите фотографии од моделите Carrera 4 и Carrera 4S во купе и кабриолет верзии.

Како и претходните генерации од Carrera 4 и 4S, главната одлика по која верзиите со погон на сите тркала се разликуваат од нивните близнаци со заден погон е назнаката на задниот дел и рефлектирачката линија која ги поверзува задните светла.

Исто како кај верзијата со погон на задните тркала, Carrera 4 има две две овални издувни цевки, додека посилната Carrera 4S е опремена со четири издувни цевки.

Сеуште нема официјални информации за спецификациите, но покрај погонот на сите тркала, моделите Carrera 4 и 4S ќе располагаат со модифицирана суспензија која ќе му додаде тежина на автомобилот.

Погонските единици ќе бидат истите од верзиите со погон на задните тркала. Основната Carrera 4 располага со 3.4-литарски шест-цилиндарски боксер мотор кој испорачува 350 кс и 390 Nm, додека Carrera 4S користи 3.8-литарски шест-цилинарски боксер агрегат кој произведува 400 кс и 440 Nm.

Повеќе детали ќе бидат објавени во наредните денови, а неговата светска премиера ќе се одржи на Автомобилскиот Саем во Париз на 27-ми Септември.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.