Нови информации за 2014 BMW M3 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Нови информации за 2014 BMW M3

BMW објави први официјални информации за најновата генерација на спортската икона – M3!

Кога ќе го слушнеме името – BMW M3, веќе ни станува јасно, а доколку почнеме да редиме епитети за овој автомобил, овој натпис би немал крај! Затоа, да не должиме многу, да видиме што ќе се случува со новата генерација на BMW M3.

Шпекулациите за M3 сепак беа точни! Да, новата M3-ка ќе го носи редениот шест-цилиндричен мотор кој има моќност од 450 КС и цели 650 Nm вртежен момент! Mercedes C63 AMG и Audi RS5 добиваат сериозна конкуренција!

Новитет кај новата генерација на M3 ќе биде и електро-механичкото управување, а се очекува М3 да добие и динамична контрола на суспензијата во три нивоа – како што тоа го имаат поголемите, M5 и M6. Конструкцијата на каросеријата ќе биде слична на сегашниот M3 (F80) но со повеќе делови од алуминиум, се со цел да биде намалена тежината на автомобилот.

2014 BMW M3, официјалното представување пред јавноста ќе го има идната година на саемот во Женева, а дотогаш нестрпливо очекуваме повеќе детали за оваа спортска икона.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.