Mercedes-Benz CLS 63 AMG by Wheelsandmore – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz CLS 63 AMG by Wheelsandmore

Stage III пакетот од Wheelsandmore, за Mercedes CLS 63 AMG, ја зголемува силата на моторот на 700кс!

Оваа тјунерска компанија успеа да извлече 700 кс и 1100 Nm вртежен момент од 6.2-литарскиот V8 агрегат. Тоа е постигнато со промена на софтверот, нов издувен систем, спортски катализатор и оптимизиран довод на воздух. Електронската AMG суспензија доби неколку измени кои го приближуваат автомобилот 30mm поблизу до подот.

Тркалата се 20-инчни, три делни, ултра лесни 6Sporz² бандажи во мат црна боја, обвиени во Continental Sport Contact 5 P гуми во профил 255/30/20 и 305/25/20 назад.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.