Мега галерија – 2013 Toyota Auris – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Мега галерија – 2013 Toyota Auris

Вчера официјално го претставивме новиот Auris, но сега Toyota не почести со повеќе фотографии од агресивниот Auris!

Пред официјалната премиера на Auris, која е закажана за саемот во Париз, Toyota направи една онлајн премиера која ни го покажа лицето на втората генерација на овој модел.

Да се потсетиме дека сега Auris е полесен за 40 kg! Европската верзија ќе биде понудена со три мотори, меѓу кои 1,4 литарскиот турбо-дизел, 1,33 литарскиот бензинец, како и 1,6 литарскиот дизел мотор!

Повеќе детали за перформансите на моторите сеуште нема, но знаеме дека Auris ќе има и своја хибридна верзија која го носи 1,8 литарскиот бензински агрегат кој е во комбинација со електричен мотор со никел-метал хибридни батерии.

Фотографиите се од Јапонската верзија од Auris, која освен различните мотори нема никакви разлики во дизајнот!



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.