Lotus Exige V6 Cup – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lotus Exige V6 Cup

Британците ќе ја освежат понудата со најјакиот модел досега. За оние кои сакаат поголема доза адреналин!

Lotus Exige V6 Cup, своето деби ќе го има на Lotus фестивалот во Brands Hatch оваа недела, а овој модел ќе биде лимитиран на само 20 примероци.

3.5 литарскиот V6 мотор со суперчарџер ќе биде задолжен за придвижување на 1080 kg тешката каросерија. Овој мотор има моќност од 346 КС. Лесниот Lotus со 346 КС, забрзува од 0 до 100 km/h за само 3,5 секунди, додека максималната брзина изнесува 273 km/h.

Тука е и Lotus Dynamic Performance Managment системот, со кој возачот има избор помеѓу Race, Sport и Touring стиловите на возење. Lotus Exige V6 Cup нуди и прилагодлива суспензија, заден дифузор и аеродинамичен преден спојлер. За подобар допир со асвалтот, задолжени се Pirelli P-Zero Trofeo гумите.

Производството на овој Lotus стартува во декември, а почетната цена изнесува 62,995 фунти.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.