Видео: BMW i3 Concept визуелизација – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Видео: BMW i3 Concept визуелизација

Веќе одaмна го знаеме i3, електричниот концепт на BMW, кој од крајот на наредната година ќе биде првиот сериски електричен автомобил од Баварците.

За i3 сме зборувале неколку пати, од премиерата во Токио, па се до новитетите кои BMW ги најави, но сега да го погледнеме од малку поинаква перспектива!

Прво да се потсетиме на i3, а потоа да видиме како изгледа да бидеме позади воланот. I3 всушност треба да претставува градски автомобил, а тоа го дознаваме и од неговото претходно име – Mega City Vehicle. Овој концепт има електричен мотор кој испорачува 170 КС и 250 Nm вртежен момент. Прилично импресивни бројки за еден градски малишан! Со овој мотор забрзувањето на i3 до 100 километир на час трае нешто помалку од 5 секунди. Исто така i3 има голем багажен простор од 200 литри!

BMW ни понуди една прекрасна визуелизација на i3, па така сега веќе немора да замислуваме како е да се биде зад неговиот волан. Стиснете Play и седнете зад воланот на BMW i3.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.