Ford инвестира во развојот на електрични и хибридни возила! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford инвестира во развојот на електрични и хибридни возила!

Ford дефинитивно почна да размислува за иднината на автомобилизмот. Сега ќе инвестира 135 милиони долари во развоојот на “зелените” возила!

Ford почна сериозно да размислува да ја зголеми понудата на хибридни и електрични возила. Првиот чекор е лансирањето на пет нови автомобили, a тоа се електричната верзија на Focus, хибридот и plug-in хибридот во C-Max и во Fusion/Mondeo.

Со оваа инвестиција, Ford планира да го забрза развојот на овој тип на возила, а со тоа во иднина да ја прошири и својота понуда. За да ја оствари оваа цел, Ford ќе инвестира 135 миниони долари. Пред се, оваа инвестиција се однесува на дизајнирањето, изработувањето и производството на клучните компоненти за изработка на овој тип на возила.

Во оваа инвестиција влегува и отворањето на “Ford Advanced Electrification Center” каде ќе има 1,000 вработени инженери. Со отворањето на ваков тип на центар, тестирањето на батериите ќе биде поефикасно, а со тоа и нивното усовршување!

Голема предност на оваа инвестиција е и планот на Ford за намалувањена цената на хибридните возила! Ford размислува да ги намали хибридните возила дури за 30 %, со што ќе ги направи овие возила подостапни.

 



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.