Модифицирана 2013 Volkswagen Jetta Hybrid постави нова рекордна брзина за автомобил со хибриден погон, така што на исушеното солено езеро Bonneville во Невада постигна 298,36 км/ч.
Сериската 2013 Jetta Hybrid користи 1.4-литарски турбо натполнет, четири-цилиндарски TSI бензински мотор кој испорачува 150 кс, усогласен со седум-степен автоматски DSG менувач со дупла спојка, плус електричен мотор кој произведува додатни 27 коњски сили.
Volkswagen не објави детали за измените направени на Jetta Hybrid, а не ги објави ниту нејзините конечни перформанси. Германската компанија истакна само дека во проектот учествувале Volkswagen-овиот центар за истражување и развој од Волфсбург во Германија, како и A-Salt Racing, Advanced Product Engineering и Volkswagen Test Center во Калифорнија.
Според Volkswagen, 298 км/ч е најголемата брзина која ја има достигнато некое хибридно возило базирано на сериски автомобил.