Премиера: BMW Zagato Roadster Concept – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: BMW Zagato Roadster Concept

По огромната заинтересираност за концептот BMW Zagato Coupe на Concorso d’Elleganza Villa d’Este, BMW и Zagato решија повторно да ги здружат силите и да создадат уште едно уметничко дело, овојпат за 2012 Pebble Beach Concours d’Elegance.

Базиран на BMW Z4 sDrive35iS, силата на новиот роудстер доаѓа од засилен 3.0-литарски шест-цилиндарски турбо бензинец, кој со додатни модификации и изменет издувен систем произведува 400 кс, наместо фабричките 340 кс.

Дизајнирана и изработена за само шест недели, новата роудстер варијанта го дели истиот изглед со купе верзијата. Единствени измени се направени во задниот дел, така што сега тој е понизок од претходно, а изменети се задниот браник и дизајнот на двете издувни цевки.

Се разбира, тука е и промената на покривот. Наместо склопувачки тврд кров, како на стандардниот Z4, BMW и Zagato одбраа мек покрив. Сепак, и покрај тоа што е роудстер, неговиот мек покрив ги има двете испакнувања, кои се заштитен знак на Zagato.

Поради тоа што е отворен автомобил, Zagato дизајнираше пар штитници при превртување за додатна заштита на патниците. Ниските динамични штитници при превртување, инспирирани од авионско крило се лесно забележливи и го прават BMW Zagato Roadster препознатлив од далеку.

Според BMW, сивата боја ја прави прекрасната каросерија на роудстерот да изгледа како да е обвиена во прекривка од течен метал, така што се менува од темно сива кон светло сива, зависи од тоа како е осветлена.

Како и што се очекуваше, внатрешноста е идентична на онаа од купето, со тоа што црната кожа од верзијата со фиксиран кров, кај роудстерот е заменета со кафеава кожа која се протега врз вратите, горниот дел од контролната табла, задниот дел на седиштата, како и штитниците при превртување.

Поврзано:  ТЕСТ: BMW X2 M Sport xDrive 20d - Компетентен, динамичен и контроверзен!

Иако главниот дизајнер на BMW, Karim Habib ги оспори плановите за сериско производство на Zagato Coupe, тој предложи дека би можела да биде произведена ограничена бројка со цена двојно поголема од онаа на стандардната Z4 sDrive35iS. Доколку побарувачката е голема, истата судбина може да ја следи и роудстер варијантата.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.