Jaguar XF и XJ добиваат погон на сите четири тркала! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jaguar XF и XJ добиваат погон на сите четири тркала!

Jaguar соопшти дека ќе ја прошири понудата на XF и XJ – тие добиваат AWD – погон на сите четири тркала.

AWD погонот на овие два модели ќе биде достапен само со 3.0 литарскиот V6 мотор со компресор кој развива “само” 340КС и има 450 Nm вртежен момент. Овој мотор се нуди со осум-степениот ZF автоматски менувач и Start-Stop технологијата.

Погонот на сите четири тркала на овие два модели ќе почне да се вградува и да се продава на почетокот на наредната година.

Знаејќи ги можностите на “обичните” верзии на овие два модели на Jaguar, нестрпливи сме да видиме како AWD ќе се вклопи во целата приказна!



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.