Chevrolet-овата верзија од Opel Мokka ќе го доживее нејзиното јавно промовирање на Саемот во Париз, а ќе започне со продажба во почетокот на 2013.
Дизајниран да се натпреварува со Nissan Јuke, Trax ќе се продава во повеќе од 140 држави низ светот. Поставен на истата платформа, Chevrolet-овиот кросовер е 32 mm пократок и 131 mm повисок од неговиот брат од Opel, додека багажниот постор собира 358 литри.
Што се однесува до изгледот, Trax потсетува на помала и поспортска верзија на Captiva. На предниот дел се забележува големата решетка поделена со една хоризонтална линија, карактеристична за сите нови модели на Chevrolet, испакнати предни и задни крила, како и позаоблено задно ветробранско стакло.
Гамата на мотори ќе биде иста како кај неговиот Германски близнак, вклучувајќи 1.6-литарски атмосферски бензинец со 115 кс, 1.4-литарски турбо-бензинец со 140 кс сериски опремен со шест-степен мануелен менувач, како и 1.7-литарски турбо дизел кој испорачува 130 кс и 300 Nm.
Погонот на сите тркала и шест-степената автоматска трансмисија ќе се нудат само кај 1.4-литарскиот турбо бензинец и 1.7-литарскиот турбо дизел, а сите верзии со рачен менувач ќе бидат опремени со старт/стоп систем.
Chevrolet сеуште не ги објави цените, но се очекува Trax да има слична цена како неговиот ривал Skoda Yeti, кој чини 13,840 евра во најосновната варијанта.